ПРВИ ПОГОДОЦИ НА ДЕВОЈКИТЕ ОД ЖФК “КАМЕНИЦА САСА”

Први погодоци за ЖФК Каменица САСА на официјален натпревар од Првата македонска фудбалска лига. Денес како дел од второто коло, каменичките девојки гостуваа во Тетово и против ЖФК Тетово одиграа интересен натпревар со солидна и рамноправна игра на теренот.

Стрелци на историските први постигнати голови за ЖФК Каменица САСА на денешниот натпревар се: Моника Георгиева, Евгенија Велиновска и Вероника Николовска. Домаќините постигнаа седум голови. Тренерот и Шеф на Стручниот штаб на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски е задоволен од играта на девојките и начинот на извршување на задачите во играта. Свесен за фактот дека ова сепак е  прва сезона и почеток на сите во тимот, постигнувањата се реални, со надеж и борба дека во иднина ни претстојат и победи. Исто така изрази посебна благодарност за професионалниот и добар прием од домаќините на натпреварот ЖФК Тетово од Тетово.

Фудбалот како женски спорт во нашиот град прв пат се појави оваа година, во оваа натпреварувачка сезона. Се надеваме дека ќе биде и наша традиција, гордост на Македонска Каменица во иднина. Со надеж ја очекуваме и првата победа на нашите храбри #одименапред и #одимедокрај херои-девојчиња од Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *