Прва “Размена на книги” на 14. Декември во Македонска Каменица

Љубителите на книгата од Македонска Каменица, во петок на 14. Декември, со почеток од 17 часот, ќе имаат можност да разменат книги и муабети од книжевноста. Организаторот на “Размена на книги и книжевни муабети” во нашиот град е Сузи Ангеловска, која се надева дека интересот за настанот кој ќе се одржи во Ресторанот Гранд во Македонска Каменица ќе биде огромен и со голем број на посетители. Иницијативата за настанот доаѓа од фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“.

Ваков настан за првпат се одржува во нашиот град, па ова ќе биде одлична можност сите љубители на пишаниот збор, да земат учество во истиот, со цел да дојдат до нов наслов во своите книжевни полици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *