Празникот на виното и љубовта во Македонска Каменица ќе се одбележи со македонска староградска музика

Македонска Каменица, 11.02.2020 година – Како што изјавуват од општинската установа КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, во пресрет на празникот на виното и љубовта на 13.02.2020 година, со почеток во 19.00 часот во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се одржи концерт на староградска музика. На концертот ќе земат учество женската пејачка група „Ѓурѓа“ со оркестарот „Пијанеќки еснафи“ и женскиот квартет „The Queens“
Групите ќе изведат македонски старогратски песни во посебни и препознатливи аражмани за нив.
Ова претставува убав повод во пресрет на празникот на публиката од Македонска Каменица и регионот за уживање во прекрасната македонска старогратска музика, – додаваат од КИЦ Романса во врска со настанот.
Влезот за посетителите е бесплатен.

Потребните средства за организација на овој настан се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица според Програмата за работа на КИЦ Романса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *