ПОЧИНА ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ

 

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67. годишна возраст, јавуваат српските медиуми.

Балашевиќ починал на Инфективната клиника каде пред три дена бил хоспитализиран, по десетдневното лекување во домашни услови.

Балашевиќ е српски пејач, текстописец, писател и актер. Тој е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Во неговата музичка кариера беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во почетокот на осумдесетите години ја почнува и својата соло кариера.

Покрај музиката, тој како актер се појавува и во неколку телевизиски серии.

Балашевиќ во текот на неговата кариера често гостуваше и во Скопје, а неговите концерти се прераскажуваа со денови. Една од неговите песни е и посветена на македонскиот главен град. Последниот концерт кој го одржа кај нас беше во 2018 година, организиран од Авалон продукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *