Почина Милена Дравиќ

Една од најпознатите југословенски актерки Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години по тешко боледување, потврди Здружението на драмски уметници.

Родена на 5 октомври 1940 година, Дравиќ важеше за една од најголемите филмски диви во поранешната држава, остварувајќи повеќе од 150 улоги, а најголемата популарност ѝ донесе партнерството со Љубиша Самарџиќ.

Милена Дравиќ се појави на филм во 1959 година и потоа играше и во театар и на телевизија.Таа е единствената југословенска актерка која била наградена на Канскиот филмски фестивал, за „Посебен третман“ во 1980 година, а награди добиваше и на фестивалите во Венеција, Авелино и во Пула, каде што повеќе пати освои Златна и Сребрена арена. Доби и низа награди за животно дело.

Четири и пол децении беше во брак со еден од најомилените југословенски актери Драган Николиќ, по чија смрт пред две и пол години тешко се разболе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *