Почина Лук Пери, ѕвездата од „Беверли Хилс“

Познатиот американски актер Лук Пери, починал на 52 години, откако минатата недела доживеал тежок мозочен удар.

Пери бил хоспитализиран во четвртокот веднаш по мозочниот удар. И покрај тоа што докторите се бореле за неговиот живот, тој починал.

Како што објави неговиот порпарол, покрај Пери биле неговите деца, вереницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп и останатото поблиско семејство и пријатели.
-На семејството многу му значат поддршката и зборовите на утеха од луѓе од целиот свет и ги молат фановите да ја почитуваат приватноста во овие тешки моменти на голема тага. Во овој час семејството нема да објави други детали – соопшти неговиот портпарол.

Актерот беше најпознат по улогата на Дилан во популарната серија од 90-тите, „Беверли Хилс“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *