Почина Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на ОН

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, почина на 80-годишна возраст.

Тој исто така е и добитник на Нобеловата награда за мир. Роден е во Гана во 1938 година. Како генерален секретар на ОН функционираше во периодот меѓу 1997 и 2006 година.

Фондацијата „Кофи Анан“ ја потврди веста за смртта со обраќање до јавноста преку профилите на социјалните мрежи.

Како што наведуваат, тој починал по кратко боледување, со своето семејство покрај себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *