Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст.
Веста е објавена на официјалната фејсбук страна на групата. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје, каде тој учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи.
Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.
Извор:
Опсервер Почина Аки Рахимовски | opserver.mk