Потврдено: Македонија ќе настапи на ракометниот Мундијал кој утре почнува во Египет

Требаше некоја селекција да се откаже од настап, за машката ракометна репрезентација на Македонија да патува на Светското првенство во Египет.

Денеска стигна информација дека Чешка нема да патува во Египет, поради проблеми со Ковид-19. Потоа се огласи и официјално Интернационалната ракометна федерација, дека селекцијата на Македонија ќе биде замена за Чешка.

Македонија ќе игра против Шведска, Египет и Чиле. Инаку, репрезентацијата на Чиле одигра два контролни меча во Скопје против Македонија, пред заминувањето во Египет.

ЕП ќе се игра од 13 до 31 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *