Последнио поздрав од Киро Влао за Канго мајсторо!

Симеон Иванов – Канго 1951-2018

26ти март, две и осумнаеста, понеделник. Кисне цело сабајле, Кочани сиво како бурија. Како по обичај. Скролам патолошки по тајмлајните, и има шо да видам: Од официјалнио профил, неговите најблиски соопштиле дека денеска нè напушта Канго. Чичо Канго. Моментално у ушите ми засвире тинитус у форма на нојзерско оро со стонерски манири, гаражна продукција, отсвирено со ногу љубов и исто толку шлангарица! Трејд-марк на мајсторо.

Канго у Кочани, па и пошироко, беше појава шо никако не ја остава околината рамнодушна и без коментар. Беше тоа шо и сега му фале на градо, луѓе со став, со свои идеа, со своја инфантилно-фантазерска мисла шо ја гаат од мали нози, луѓе шо се раѓат, раснат и стареат, а те сега и умират со тај фраерски интегритет, независни од конформистичкио медиокритет наоколу, насмеани мисфити на друштвтото, позитивно конотирани, ентузијасти, уметници. Или го кудеа пошто не го сфаќат, или го поштуваа пошто се потрудиле да го сфанат.

Монката беше роќенрол, хумор и харизма у движење. Шампион за одјебување на ирелевентни коментари од луѓе шо само одат на работа, јадат и спијат. Знаеше и го еликсиро за вечна младост, ама никогаш не го кажа. Авто-стопер од друга планета, вечен автостопер. Он можеше да биде реинкарнација не само на Александар и на Џими, можеше да биде реинкарнација на кој сака, пошто е Канго и знае да ја извозе приказната како никој. Можеше да шиба ќерки на Адам и Ева, пошто е копеле, чистокрвно македонско.

Најбитна фигура на урбано Кочани. Дефинитивно.

Пред некој ден го сретнал Оцедо, и му речел: Дечки, веќе не е време за роќенрол… А кога Канго ќе го рече тоа, значи работата е сериозна.

Денеска е тажно и врне на Мактеон, неговио спиритуален храм, денеска нема никој позади киното – местото дека шо ги праеше Канго-рок фестовите, денеска неговите Маршали се исклучени од штеко, денеска белио Фендер е потивок од било кога. Денеска Кочани е посиромашно за планина од човек.

Поздрав мајсторчино, поздрав легендо. Нема ич да му биде досадно на тај шо ќе те каче авто-стоп за да те префрле горе до рајо.

Слава ти!

Кирил Стоименов

Извор: Офф.Нет.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *