Последна подготвителна средба на ФК Каменица – САСА против ФК Слога од Виница. Каменичанецот Зоран Златковски е новиот тренер на клубот и лидер на теренот

Утре со почеток во 14 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица, ФК “Каменица – САСА” ќе го одигра својот последен контролен натпревар против екипата на ФК Слога од Виница. Пред почетокот на пролетниот дел каменичани полни со елан, остануваат на курсот за влез во Втората фудбалска лига. Тоа го покажуваат и со неколкуте силни засилувања на тимот со врвни првотимци и тоа Роберто Стајев кој доаѓа од ФК Металург, Оли Христов и Бране Глигоров од ФК Василево и Жан Манев кој доаѓа од редовите ФК Брегалница Делево.

Како најсилно засилување на тимот од Македонска Каменица за претстојната полусезонава го оддвојуваме одличниот шпиц-играч и познат гол мајстор, нашиот сограѓанин Зоран Златковски. Тој ќе има двојна улога во тимот, покрај задачата за постигнување голови во противничките мрежи, тој од оваа полусезона ја презема и тренерската позиција во екипата на ФК Каменица – САСА. Каменичанецот Зоран Златковски уште како младинец кариерата ја гради во неколку екипи во Бугарија ( Пирин Благоевград, Локомотив Пловдив, Славија Софија, Лудогорец ). Исто така има настапувано во повеќе екипи и во соседна Грција ( Lamia, Panachaiki, FC Kavala, а во листата на екипи се вбројува и иранскиот прволигаш Malavan. По враќањето во Македонија настапува за штипска Брегалница, Плачковица и Академија Пандев. Зоран Златковски за неговото враќање во неговиот маричен клуб вели дека огромно е задоволството да се игра пред домашната публика, а посебен предизвик и одговорност за него е искажаната доверба од страна на стручниот штаб на тимот е токму негово то поставување на тренерската позиција.

Ние www.kamenica.mk и верната публика на ФК Каменица-САСА им посакуваме само успеси и победи во претстојната полусезона и остварување на заедничката цел на секој каменичанец: враќање на прволигашкиот сјај на фудбалот во Македонска Каменица.

СРЕЌНО!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *