Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Поради случена сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот, во двете насоки, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево.

Според добиените информации две лица се повредени. Во сообраќајната несреќа учествувале три возила, од кои едно од возилата е товарно возило.

Увидните екипи се на терен. Повеќе информации за сообраќајката незгода и нормализирањето на сообраќајот, ќе известиме во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *