Половина од популацијата во светот нема можност и услови да се лекува

Најмалку половина од луѓето во светот во моментов не можат да добијат есенцијални здравствени услуги.

Речиси 100 милиони луѓе се втурнати во екстремна сиромаштија, принудени да преживеат со само 1.90 долари или помалку на ден, бидејќи мора да плаќаат за здравствени услуги од своите џебови.

Над 800 милиони луѓе (речиси 12 проценти од светската популација) трошат најмалку 10 проценти од своите буџети за домаќинство за здравствени трошоци за себе, за болно дете или за член на семејството. Тие имаат т.н. “катастрофални расходи”.

Општа здравствена покриеност и квалитетни здравствени услуги во секој момент кога им се потребни, без да имаат финансиски тешкотии е клучна за здравјето и благосостојбата на луѓето и нациите и треба да биде интенцијата на сите земји во светот е пораката на Светската здравстевна организација (СЗО)

СЗО смета дека универзалната здравствена покриеност е можна. Некои земји постигнаа голем напредок.

Денеска е Светскиот ден на здравјето кој под покривителство на Светската здравствена организација(СЗО) се одбележува секаде во светот. Целта на одбележувањето на 7 април е да се подигне свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Годинава Светскиот ден на здравјето се одбележува под мотото „Здравје за сите, здравје насекаде“.

 

Во 1948 година СЗО го одржала своето Здравствено собрание на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 година. На овој ден  е основана СЗО и секоја година со различни натсани тематики се обидува да го привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *