ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ РИГОРОЗНОСТ ЗА ЗГОЛЕМЕНАТА КРАЖБА НА ДРВА ПРЕД ГРЕЈНАТА СЕЗОНА

Грајната сезона ја зголеми кражбата на дрва. Во изминатите неколку денови, полицијата им влегла во трага на повеќе организирани групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите во Штипско.

Големата побарувачка на огревно дрво, дополнително ги стимулира дрвокрадците, но и ја мобилизира полицијата, која најавува ригорозност, кога во прашање е дрвокрадството:

  • Со цел откривање, спречување и намалување на нелегалните активности повразни со неовластена сеча и транспорт на огревно дрво, пустошење на шуми, кражба и нелегална трговија со дрвната маса, екипи од полициски службеници, во содејство со шумската полиција, ќе ги засилат дневните, а ососбено ноќните контроли на терен и ќе поставуваат контролни пунктови на одредени места, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

За развојот на дрвокрадството, освен оние што сечат, вина имаат и оние кои купуваат, без притоа да бидат свесни дека и самите прават кривично дело. Од овие причини, полицијата со порака и до граѓаните:

  • Да не купуваат огревни дрва без соодветна документација, бидејќи истото е казниво со закон, а талквата дрвна маса, доколку се пронајде, ќе биде одземена, рече Панајотова.

Од почетокот на годината досега, на ниво на СВР – Штип се поднесени 18 кривични пријави за кражба на дрва, додека бројот на пријави за истиот период лани бил 12.

Izvor STARTV

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *