Новиот спот на Faith No More за песната „Cone Of Shame“ се снимаше во Македонија. Речиси целата екипа која работеше на спотот, од актери до режисер, е составена од Македонци. Новото видео на Faith No More веќе предизвикува огромно внимание и за само неколку дена има повеќе од 150 000 прегледи на youtube.