ПОЖАРОТ ВО ДРАМЧЕ ЛОКАЛИЗИРАН. ОДНЕСЕ СО СЕБЕ НАД 200 ХЕКТАРИ БОРОВА И ДАБОВА ШУМА

Пожарот кај Делчево е локализиран, но се уште гори и се контролира поради силниот ветар. Според првичната проценка зафатени се околу 200 хектари борова и дабва шума, сува трева. Засега се зборува за опожарени десетина објекти во селата Драмче и Селник, но и 5 електрични столбови  од ЕВН, па еден дел нема струја. Исто така денеска интервенираше во гаснењето и хеликоптер на АРМ

Брзата интервенција  успеа да ја спаси од пожарот најстарата црква во регионот „Св. Петка“ која потекнува од 14 век. Црквата со натчовечки напори од пожарот ја спасило месното население и пожарникарите.

  • Страшно, многу лошо. Бевме ние таму околу камбанаријата на црквата во село Селник, дадовме се од себе што можеме да спасиме, но немавме вода и моравме да се повлеќеме зашто не обиколи целиот пламен, рече жител на с. Селник
  • Голем пожар, многу нестабилен, не можеше да се спречи. Ние бевме таму, дадовме се од себе, но не успеавме да го запреме, дополни негов соселанец.

Пожарникарите речиси 24 часа непрекинато се бореа со огнената стихија:

  • Како што гледате овде гори поголема површина на бор. Теренот е непристапен, не може ни котрапожар да се направи. За црквата имаме некои информации дека делови околу неа се запалени, но мислам дека црквата е во целост сочувана и спасена, изјави Лоренцо Трајановски, пожарникар од Делчево.

Пожарот започнал од фурна за леб во Стамболиско маало во Драмче по што се проширил кон соседната борова шума. Со помош на силниот ветер и сувата трева пожарот и денеска е активен и се шири накај селото Киселица, но сопрено е движењето на кај границата со Бугарија. Во гаснењето учествуваат стотина лица, пожарникари од сите општини од регионот, од ЈП Македонски шуми и ЈПКД Брегалница, од Граничната полиција, делчевските училишта, а вчера во гаснењето помагаа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *