Погледнете колку застрашувачки изгледа ураганот ИРМА од вселената (Видео)

Ураганот Ирма за кој зборува целиот свет од денес се смета за ураган од 5-та категорија, а неговата брзина достигнува скоро 300 км/час. Страшната олуја е толку голема што само видео запис направен од вселената може да ја долови целокупната деструктивна моќ што тој ја носи со себе.
Огромниот ураган, кој веќе се смета за најсилен досега е забележан во Атлантскиот океан изгледа навистина застраќувачки кога ќе се види од вселената.
Тој изгледа како бел џиновски круг, а во моментов напредува се повеќе и повеќе и се очекува да ги зафати Девствените острови и Порторико. За овие два острови се смета дека ќе имаат директен контакт со досега најсилниот ураган кој ќе удри со целокупната моќ што му ја дава природата.
За да погледнете како овој ураган изгледа од вселентата, погледнете говидеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *