Погледнете го видеото од првиот специјален тренинг на КК “Баскет Кам” со Ивица Јаковлевски

На иницијатива на тренерскиот тим на КК Баскет Кам од Македонска Каменица, во текот на претходниот викенд, реномираниот тренер Ивица Јаковлевски одржа целодневен тренинг со над 20 играчи од клубот.

За многубројните сертификати и меѓународни признанија на И. Јаковлевски како успешен млад тренер, пишувавме до сега. Значајно е да ја споменеме грижата за младите таленти во КК Баскет Кам од страна на стручниот тим во клубот и насоките во кои тие се насочуваат и развиваат, со цел прераснување во врвни репрезентативни кошаркарски имиња.

Погледнете го краткиот видео спот изготвен од Ивица Јаковлевски, кој со импресии од одржаниот тренинг замина од Македонска Каменица:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *