Повреденото лице во вчерашната сообраќајна несреќа кај Калиманско Езеро им подлегнало на повредите во вечерните часови на Клинички во Скопје

Македонска Каменица 06.07.2018 година – Повредениот возач  (Б.В) од Кочани кој беше тешко повреден во сообраќајката што се случи на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“ им подлегнал на повредите. Починатиот управувал со автмобил марка „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, кога се судрил со камион марка „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Република Бугарија.

Поради тешките телесни повреди со кои се здобил возачот на автомобилот , бил пренесен со возило на Итна медицинска помош во Општата болница во Кочани. Од таму како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Во 20,50 часот им подлегнал на повредите.

Од полицијата велат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот бил во прекин.

Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *