Плата над 40000 денари имаат само 3300 жени во државата

Само 10.875 граѓани на РМ заработуваат месечна плата над 40.000 денари, а од нив само 3.296 лица се жени – покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Оваа бројка не само што укажува на фактот дека мал е бројот на граѓани кои имаат високи примања, туку покажува и една друга работа, а таа е половата нерамномерност кога е во прашање цената на трудот.
Дополнително, ДЗС соопшти и дека стапката на вработеност во РМ за 2016 година кај жените изнесувала 33.8% и е значително пониска споредено со онаа на мажите – 52.3%.
Од друга страна, стапката на невработеност кај жените изнесува 22.7%, а кај мажите 24.4%. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 43.8%, а забележително е повисока кај мажите и изнесува 69.2%.
Извор: vrabotuvanje.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *