Плата во коверт примиле 17,8% од вработените во државата

Плата во коверт во Македонија примиле 17.8% од работниците

Во Македонија во 2017 година 17.8% од работниците кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во коверт.

Finance Think започнува за објавување на публикацијата „Квалитет на животот во Македонија“. Целта на публикацијата е да стави под светло податоци за различни аспекти на квалитетот на животот: доходот, вработувањето, образованието, здравјето, животната средина, инклузијата и сл. Секој број е тематски.

Темата на првиот број е „Плата во плико“. За прв пат во Македонија, Finance Think презентира податоци за феноменот на исплата на дел од платите на работниците во готовина, со цел да се заштеди на формалните давачки кон државата.

Примателите на минимална плата се најпогодени од феноменот ‘плата во плико’: 62% од работниците осигурани на минимална плата добиле и плата во коверт, која изнесувала скоро исто колку и минималната плата (91%).

Платата во коверт е најзастапена кај мајсторите од различен вид и кај работниците во текстилната индустрија, и е незначајно позастапена и поголема за жените.

Најмногу работници примаат плата во коверт во Пелагонискиот регион, но платата во коверт е најголема (во однос на формалната плата) во Скопскиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *