Пијан полицаец од Кочани при семејна расправија пукал по жена му

15. Јануари 2018 каменица.мк

Пијан полицаец од Кочани при семејна расправија пукал по жена му, откако претходно ја малтретирал психички и физички. Овој семеен инцидент се случил на трети декември минатата година, но сопругата на полицијата и го откри вчера, откако конечно таму го пријавила нејзиниот сопруг, 39-годишниот М.К. Поводот бил идентичен, односно 38-годишната жена на полицаецот вчера повторно физички и психички била малтретирана. Поради ова, основното јавно обвинителство во Кочани издало наредба со која на М.К. му бил одземен пиштолот,а преземени се и соодветни мерки за расчистување на настанот. Освен обвинителството, во случајот е вклучен и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и прфесионални стандарди, потврдуваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *