Пионерите на ФК Каменица САСА одграа одлично против Кит-Го во Пехчево

Денес, се одигра, редовното 8. коло од регионалната помлада пионерска и пионерска лига – исток. Во Берово нашите фудбалски надежи му гостуваа на Кит-Го и се враќаат со половичен резултат. Помладите пионери со победнички резултат се вратија дома, по победата од 3:0 со головите на Лазар Стојановски во 10 и 75 минута и Филип Николовски во 25 минута од натпреварот. Пионерите се поразени од соодветната екипа на Кит-Го со 2:0. Oна што е важно да се спомене е фактот дека помладите пионери се искачија на второто место на табелата и во наредното коло го пречекуваат реално послабиот тим  ФК Детонит од Радовиш што е одлична можност да се искачат и на првото место на табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *