Печките – најголеми загадувачи на воздухот

Печките – најголеми загадувачи на воздухот

Печките за греење се еден од најголемите загадувачи на воздухот во главниот град според истражувањата на МАНУ .  Меѓутоа, во Македонија нема анализи, за  тоа колку ќе  се подобри квалитетот на воздухот ако луѓето се греат на печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.Ова во многу европски земји, е регулирано со пропишани стандарди при купувањето на печки.

Oд институтот за стандардизација,  велат дека е важно луѓето да почнат да го почитуваат законот за рециклирање на пластиката ,бидејќи и таа е еден од најголемите загадувачи на животната средина.

Подобрувањето на квалитетот на воздухот се разгледуваше и на денешната работилница во Град Скопје, на која беа  вклучени и претставници од невладиниот сектор, како и неколку пратеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *