Пехчево: На над 100 километри квадратни геолози бараат нови рудни богатства

Стариот вулкан над Пехчево крие рудно богатство кое претендира да ја промени геолошката карта во Македонија за рудни богатства. За какво и колкаво рудно богатство станува збор треба да одговорат проспекциските геолошки истражувања кои се вршеа на површина од над 100 квадратни колометри на подрачјето на вулканскиот центар Буковик во рамките на големиот проект за регионални проспекциски истражувања Простор 1- Источна Макеоднија.

Во поширокото подрачје на вулканскиот центар Буковик се извршени повеќе геолошки, геохемиски и геофизички истражување, а секој вуклански комплекс дава полиметаличен карактер на евентуални рудни наоѓалишта, на бакар, сребро, олово, цинк,  молибден и др минерали.

Од македонската фирма со странски капитал кои ја имаат добиено концесијата за овие истражувања, „Резервоар минералс Македонија“ истакнуваат дека ова е првата етапа од едно вакво истражување по што ќе следуваат и наредни фази на истражувања. Но, што покажале истражувањата, од фирмата не откриваат и потенцираат дека резултатите од истражувањата ќе бидат готови до 28 септември ,а ќе бидат доставени од Министертсвото за економија, но факт е дека на овие истражувања, фирмата посветила големо внимание.

Доделената концесија за проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини во Источна Македонија е, всушност, првата доделена концесија за проспекциски истражувања во независна Македонија со која се опфатени 2, 5 илјади квадратни километри и тоа во општините Делчево, Пехчево, Берово, Радовиш, Штип, Карбинци, Облешево, Зрновци, Виница, М Каменица.

Какво рудно богатство крие Истоков во земјава ќе се знае наредниот месец.

Пишува: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *