Пехчевката Моника и штипјанецот Иле Гоцевски се младоженци на 12. Пијанечка свадба

На пехчевката Моника и штипјанецот Иле Гоцевски им се исполни желбата од детството. Тие, се избрани да бидат младоженци на 12-тата Пијанечко – Малешевска свадба и љубовта да ја крунисаат на традиционален начин со обичаи кои се дел од богатото македонско културно наследство.

  • Jaс сум била дел од оваа свадба како играорец и баш оттаму потекнува и желбата. Очекуваме многу гости и очекуваме преубаво да си поминеме, кажа Моника Гоцевска, невеста на Пијанечко – Малешевска свадба.

Моника и Иле се избрани во конкуренција од осум парови, кои се пријавиле да бидат младоженци оваа година :

  • Бевме на листа на чекање, а организаторот оваа година не одбра нас и сме среќни што ќе дадеме придонес да се зачува македонската традиција, истакна Иле Гоцевски, младоженец на Пијанечко – Малешевска свадба.

 

Пијанечко – Малешевската свадба се одржува 12-та година по ред и манифестацијата се нуди како туристичка понуда на регионот. Истата е поддржана од повеќе институции и организации :

  • И оваа година покровител е општина Делчево, организатори се КУД „Г.Делчев“, поддржувачи се Министерството за култура, НВО во Регионот и бизнис секторот, изјави Зејнеп Реџепов, КУД „Г.Делчев“ – Делчево.

Традиционално и годинава, Пијанечко – Малешевската свадба ќе се одржи кон крајот на месец септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *