“Петлињата” на ФК Каменица САСА во борба за влез во полуфинале од Купот на Македонија

Македонска Каменица, 29.10.2019 година – Во Среда, на 30-ти Октомври на Градскиот стадион во Македонска Каменица “петлињата” на ФК Каменица Саса го играат вториот натпревар од двомечот од 1/4 финалето на Купот на Македонија со екипата на ФК “Њу Старс” – Скопје.

Минатата недела во Скопје, нашите надежи беа мининално поразени со 4:3 и покрај водството од 1:3. Во среда  сите погледи се свртени кон нашите надежи, а сите патишта водат кон Градскиот Стадион во Македонска Каменица, – изјавуваат од ФК Каменица САСА

 

За пласман во полуфиналето нашите надежи треба да надоместат еден гол негатива од првиот натпревар. Ги повикуваме сите сограѓани да бидат на трибините со силна поддршка за нашите “петлиња”, да им бидеме “ветер во грб” на нашите најмлади фудбалери, – дополни Доминик Тенев, тренер на оваа возрасна категорија на фудбалери при ФК Каменица САСА

Од ФК Каменица САСА информираат дека, во текот на денешниот и утрешниот ден, дополнително ќе бидат поставени плакати за информирање на сите љубители на фудбалот во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *