Пензионерите од Македонска Каменица остварија средба со градоначалничката Соња Стаменкова

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и претседателот на Совет на општината, Иван Кузмановки денес остварија средба со претставници на Здружението на пензионери од нашиот град. Приемот на претставниците од Здружението на пензионери се должи на нивното учество на 23-тите Републички пензионерски спортски натпревари, кои на 2-ри септември 2018 година се оддржаа во Радовиш.

Во 11 спортски дисциплини во машка и женска конкуренција, за учесници до и над 60 години, каменичките пензионери успеаа да освојат повеќе сребрени и бронзени медали. По тој повод, од претседателот на Совет на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски тие добија признанија за постигнатите успеси на натпреварите. Претседателот на Советот на општина Македонска Каменица, при врачувањето на признанијата, со пофални зборови ја поздрави работата и активностите на Здружението на пензионери и ја истакна подготвеноста на Советот на општината за продолжување на блиската и успешна соработка.

Свечениот прием кај Градоначалникот на општината членовите на здружението на чело со Фидан Коневски, покрај презентирањето на успесите од спортските натпревари, го искористија да ги образложат своите планови како здружение за наредниот период. За таа цел, градоначалничката Стаменкова од Здружението на пензионери прими примерок од илустрирана „Ревија“, која е изготвена како збир од сите активности на каменичките пензионери во изминатиот период. Благодарност за вниманието и воодушевеност од високиот степен на организација на сите настани во кои се вклучени пензионерите искажа и градоначалничката, Стаменкова, нагласувајќи дека интересот за соработка на општината со вака одговорна, функционална и подготвена организација во иднина само ќе се зголемува и продлабочува во повеќе сегменти од делувањето на истата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *