Пари за развој на малите бизниси ќе има. Дали ќе има и кандидати?

Еден милион евра грантови нуди Фондот за иновации за малите бизниси, односно за новоосновани трговски друштва. Овие пари се наменети за активности за истражување, развој на пилот линии, активности за тестирање, дизајн и слично.

Максимален износ со кој може да се финансира еден проект е до 30.000 евра :

„Право на апликација на овој јавен повик имаат новооснованим микро,мали и средни претпријатија не постари од шест години. Кофинансирачките грантови се најмногу до 85% кои ги финансира фондот, а 15% дава апликантот“, објасни Бранислав Марковски, Фонд за иновации.

Јавниов повик за аплицирање е распишан на 22-ри октомври, а ќе трае до 11-ти декември оваа година :

„Уште првиот ден на овој јавен повик имавме веќе двоцифрен број на апликации. Морам да кажам дека интересот е огромен“, рече Марковски.

Целта на повикот е да го поттикне претприемачкиот и иновативниот дух, особено кај младите луѓе. За таа цел, условите и начините за аплицирање, беа презентирани денес пред студенти на штипскиот универзитет :

„Ние како институција се грижиме информацијата непречено да се прошири до местото каде што најмног треба. Да се потсетиме дека најголемиот двигател на стопанството се токму малите и средни претпријатија , од коишто произлегуваат најголемиот број на вработувања“, истакна Васко Златковски, универзитетски професор.

Инаку, грантовите може да вклучат покривање на трошоци за бруто плати, купување или изнајмување на опрема, ангажирање на експерти, како и подготовка и поднесување на пријава на патент или заштита на трговска марка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *