Папата со порака за Македонија во пресрет на посетата во вторник

Папата Франциск утре ја почнува посетата на Балканот која ги опфаќа Бугарија и Северна Македонија. Ова е прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на нашата земја. Според агендата, се очекува Папата да пристигне во 08.15 часот утрината на 7 мај. Во Претседателската палата ќе се одржи церемонија за добредојде, по што ќе следи средба со претседателот и со премиер на државата, а потоа со државниот врв, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Во агендата на папата е и посетата на меморијалниот центар Мајка Тереза, таму се предвидени средбите со верските лидери, а одделно ќе се сретне со католичкото свештенство во црквата Пресвето Исусово срце. Потоа ќе следи светата миса на плоштадот Македонија. На литургијата според најавата се очекува да присуствуваат 15 илјади лица од земјата и од регионот. Денеска, два дена пред неговата посета Папата упати порака до граѓаните на земјава, нарекувајќи ја Македонија убава поради различните, култури и етникуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *