Официјално: РК Металург е дел од Лигата на Шампиони

 

Македонија во наредната сезона на Лигата на шампионите повторно ќе има два претставника затоа што Металург доби „вјалд-карта“ од ЕХФ да игра во елитата.

Нашата земја имаше едно место за Вардар како шампион, но ЕХФ реши да му ја даде довербата на Металург во уште една сезона и да му даде екстра-место меѓу најдобрите.

Тимот од Автокоманда ќе игра во нешампионските групи, каде настапуваше и во изминатите две сезони.

Во ЛШ оваа сезона ќе играат вкупно 28 екипи. Покрај Металург, екстра-место добија уште Адемар Леон (Шпанија), Монпелје (Франција), Скјерн (Данска) и Горење (Словенија).

Ждрепката за групната фаза ќе биде на 29 јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *