Отстранет посериозен дефект на главната водоводна линија во Суво Маало

Македонска Каменица, 01.04.2022 година – ЈП “Камена Река” отстрани поголем дефект на главната водоводна линија од системот за снабдување со вода во Суво Маало. Поради спроведување на градежни работи за отстранување на овој посериозен дефект, граѓаните на овој дел од Македонска Каменица, денеска во период од еден час, беа без вода за пиење” – изјави Влатко Димитровски, директор на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица

“Дефектот беше пријавен пред два дена, кога екипите за комунални работи пристапија кон негово лоцирање. Во текот на денот, веднаш по откривањето на местото, за многу кратко време успеавме да го отстраниме дефектот и состојбата со водоснабдувањето веќе е нормализирана. Поради специфичноста на теренот, најголем проблем за решавање на проблемот, претставуваше пронаоѓањето на точното место на самиот дефект” – дополни во изјавата директорот на ЈП “Камена Река”, Влатко Димитровски

ЈП “Камена Река” како претпријатие задолжено за одржување на градската водоводната мрежа, пред само неколку денови најави инсталација на водомери кон сите корисници на услугите, со што во иднина ќе биде обезбедена поголема рационализација во трошењето на вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *