Отворен Градскиот зелен пазар во Македонска Каменица. Посетителите да се придржуваат кон одредбите и мерките за социјална дистанца

Македонска Каменица, 07.05.2020 година – ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека од утре 08.05.2020 година, со одлука на ОПштинскиот штаб за заштита и спасување, повторно ќе биде отворен Градскиот пазар во Македонска Каменица. Во известувањето од Јавносто претпријатие стојат посебните одредби кои посетителите треба да ги почитуваат при пазарењето на Градскиот зелен пазар. Текстот од објавата на официјалната веб страна на Камена Река ви го пренесуваме во целост:

 

Врз основа на Заклучок бр. 5 од денес одржаниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од утре, 08.05.2020 година, Градскиот зелен пазар во Македонска Каменица продолжува со работа.
Градскиот зелен пазар ќе работи во периодот од 08:00 часот до 15:00 часот.
Според наложбите дадени од Општинскиот штаб за заштита и спасување и мерките и уредбите на Влада, ние како Јавно претпријатие кое стопанисува со Градскиот пазар сме задолжени за организирање и придржување кон посебни правила и начини на однесување на посетителите.

Во таа насока, во текот на денешниот ден извршивме вонредна дезинфакеција на Градскиот пазар.
Веќе е направен распоред со задржување на минимум препорачано растојание помеѓу продажните места (тезги).
Обезбедена е засилена редарска служба пред и во Градскиот пазар.
Ќе бидат поставени контролни редарски пунктови на сите влезови на Градскиот пазар со обезбедени средства за дезинфекција и со минимум обезбеден простор за посетителите при чекање за влез.
Ги известуваме посетителите на Градскиот пазар дека: се задолжуваат со себе да носат заштитни медицински маски и да не се задржуваат безпотребно на Градскиот пазар, со цел одржување на потребна социјална дистанца и зголемена лична заштита и заштита на останатите посетители.

Ќе работи Градскиот зелен пазар во петок 08.05.2020 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *