Осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство врз децата

Истражувањата покажуваат дека осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство врз децата

За да се стави крај на насилството, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година.

Во светот милиони деца живеат во страв од физички, емоционално и сексуално насилство. Регионот на Западен Балкан не е исклучок, каде што и покрај сè поголемото политичко внимание и одговор во политиките и услугите, насилството врз децата и натаму е широко распространето, не се пријавува и екстремно им штети на децата.

За да се стави крај на насилството, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година, беше речено на отворањето на  дводневната конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан” што се одржува во Скопје.

-Насилството врз децата е една од најдевијатните појави, која за жал се случува секој ден во секој крај на светот. За многу од нив дознаваме од медиумите, од заедницата од училиштата, но има илјадници за кои никогаш нема да дознаеме, рече претседателот Стево Пендаровски.

Тој посочи дека глобалната анкета на УНИЦЕФ од пред две години покажува дека речиси 80 отсто од родителите и старателите користат најмалку една форма на насилство врз децата, а една петина од анкетираните пријавиле дека користат само позитивни методи и ненасилни методи на родителство.

-Истражувањата покажуваат дека децата жртви на насилство се изложени на поголем ризик и самите да повторат и сторат насилство кога ќе станат возрасни и тоа најчество врз сопствените деца. Насилството не им штети само на децата и семејствата туку и на целокупното општесто. Многубројните анкети на ученици и студенти покажуваат дека тие имаат вкусено физичко и емоционално казнување, физичко и емоционално занемарување и најтешкиот облик сексуално злоставување, истакна претседателот Пендаровски.

Според него, во Република Северна Македонија бројките исто така се немилосордни, бидејќи истражувањата покажуваат дека осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство примарно со цел да ги подучат децата.

– Кај нас преовладува ставот дека детето треба да бие послушно, наспроти љубопитно или независно. Истражувањата укажуваат на генералниот став дека општеството не треба да интервенира во семејството и неговите утврдени практики  и дека право на родителот е да го одлегува своето дете онака како што е најсоодветно. Нашиот одговор во борбата против насилството врз децата е дека тој треба да биде сеопфатен – заедничко дејстување од сите нас од ресорните министерства, социјалните служби, образовните институции и граѓанскиот сектор, нагласи Пендаровски.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *