Останува енигма од кога навистина е присутен корона вирусот во Македонија

Останува енигма од кога навистина е присутен корона вирусот во Македонија

Кај починатата 89-годишна велешанка, Катерина  Маноилова, која со нејзиниот син Ванчо беше пронајдена полураспадната во нивниот стан во Велес, утврдено е присуството на конора вирусот во дишникот на жената. За Катерина се препоставува дека починала во јануари, годинава, па според тоа, изгледува дека вирусот го имало многу порано од кога беше соопштен позитивниот тест на првиот пацинет во државата на 26 февруари.

„Во однос на починатите од Велес, најден е вирусот во примерок од нивното дишно стебло. Многу тешко е да се каже што е точната причина за смртта. Но, во насока на значајно поголемиот број на пациенти со грип во оваа сезона (37 илјади годинава, наспротив 20 илјади во просек од минатите години), не е исклучена можноста вирусот да бил присутен во нашата земја порано. Посебно имајќи предвид што се повеќе излегуваат публикации дека има асимптоматски носители на коронавирусот“.

Во понеделникот на 6 април претседателот на куќниот совет, Димче Зврцинов на новинарско прашање кога последен пат контактирал со состанарите соопшти дека тој во месец јануари, годинава не успеал да оствари контакт со нив бидејќи не му отвориле кога тој тропал на влезната врата за да ги собере парите за чистење и потрошена електрична енергија во влезот.

-Тогаш не ми отворија, само викнаа одвнатре и толку. Стравичната смрдеа што почна да се шири од станот не натера да ѕвониме во полиција и да бараме помош. Јас немав контакти во изминатите две години, колку што тука живеам. Не ја ни познавам жената, додаде Зврцинов.

„Завршена е обдукцијата на жртвите и се чека на токсиколошката анализа“, соопштија од Обвинителство во Велес.

Мајката и синот речиси и да не излегувале надвор.

Овој изненадувачки податок, предизвика бран реакции во јавноста. Некои од граѓаните потсетуваат на интензивниот, агресивен и тежок за прележување вирус, кој покоси половина на училиштата во Македонија. Дали можеби бил корона вирусот, кој во тоа време на бепе препознаен за теситрање?

Засега научната јавност нема објаснување. Министерот Филипче рече дека се концентрирани на пацинетите, лекувањето и тестирањето.

Izvor: mms.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *