Основците-математичари се вратија со огромен успех од регионалниот натпревар во Берово

На Регионалниот натпревар по математика, кој се одржа во сабота, на 13. Април 2019год, во Берово, од 15 ученици при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, дури 11 се вратија со награди и пофалници.

Учениците од четврто одделение Јана Илиевска и Матеј Петрушев се вратија со III награда, додека Моника Атанасовска и Патриција Соколовска освои пофалница.
Софија Ситновска, ученик во петто одделение освои I награда, додека Лука Стаменковски, ученик во шесто одделение освои II награда
Ученичките Ања Спасевска и Ива Јефремова од седмо одделение освоија III награда, а осмооделенките Зорица Караѓозова и Тијана Ангелова се вратија со пофалница.
еветооделенецот Лазар Стојановски, освои II награда на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *