Осветлен дворот на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица

Конечно! Дворот на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица доби штедливо осветлување.

Како што денес беше објавено од официјалниот профил на социјалните мрежи од ЈОУДГ “Бамби” осветлувањето на дворот го чекале подолг временски период. За потребата од ваков вид на осветлување говореа многубројните вандалски чинови, извршени во минатиот период врз самиот објект и урбаната опрема поставена во дворот од установата.

Фото: ЈОУДГ "Бамби" Македонска Каменица
Фото: ЈОУДГ “Бамби” Македонска Каменица

“Поставени се нови лед светилки, кои ќе го осветлуваат просторот околу градинката заедно со новоизграденото инклузивно игралиште”, – истакна директорката на установата, Тодорка Велиновска додавајќи дека “Со овие светилки освен што се добива поквалитетно осветлување, се постигнува и заштеда во потрошувачката на електрична енергија”.

За помошта при реализацијата на овој значаен проект, потребен за зголемена безбедност на дечињата во установата и дополнителна заштита на објектот со урбаната опрема во кругот на детската градинка, од ЈОУДГ “Бамби” упатуваат благодарност до локалната самоуправа на чело со градоначалникот Димчо Атанасовски.

Фото: ЈОУДГ "Бамби" Македонска Каменица
Фото: ЈОУДГ “Бамби” Македонска Каменица

 

 

Извор на веста:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5260168950702330&id=100001278327577

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *