Општина Македонска Каменица распиша ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови за 2021 година

Македонска Каменица, 01.02.2021 година – Општина Македонска Каменица врз основа на Програмите за работа на Градоначалникот и Советот на општината го распиша Јавен повик за финансирање на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови за 2021 година. Истиот ви го пренесуваме во целост:

ЈАВЕН ПОВИК

Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и   спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека согласно програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2021 година, доколку сакате Вашата активност да биде финансиски поддржана од Буџетот на општина Македонска Каменица потребно е да доставите барање до Советот на општина Македонска Каменица.

Со барањето потребно е да доставите и:

  • Тековна состојба (да не биде постара од шест месеци од денот на поднесување на апликацијата);
  • Статут;
  • Годишна програма за работа;
  • Листа на реализирани проекти, домашни и заеднички проекти со Општината (доколку здружението постои повеќе од една година).

Јавниот повик се однесува на Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот чие седиште е на територијата на општина Македонска Каменица.

Потребната документација треба да ја доставите најдоцна до 08.02.2021 година заедно со посебен формулар кој може да го превземете ОВДЕ од WEB страната на општина Мaкедонска Каменица на адреса www.makedonskakamenica.gov.mk , или пак да го подигнете во просториите на општина Мaкедонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *