Општина Македонска Каменица подели 4.500.000 денари како поддршка за граѓанскиот сектор (Видео)

Македонска Каменица, 05.02.2019 – Советот на општина Македонска Каменица вчера ја одржа својата 17-та редовна Седница на која преку конструктивна дискусија од страна на членовите на Советот на општината беа распределени средства во износ од 4.500.000 денари како поддршка за граѓанскиот сектор. Доставените барања по основ на претходно објавениот Јавен повик за финансирање на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови од страна на општина Македонска Каменица на 09.01.2019 година, поединечно беа разгледувани и усвоени како точки од претходно утврден Дневен ред.

 

Табеларен приказ на распределени средства од Совет на општина Македонска Каменица *Средствата се изразени во денари

 

Советот на општина Македонска Каменица на 17-та Седница распредели вкупно 4.500.000 денари на 13 апликанти. Со напомена дека, од страна на Советот на општина Македонска Каменица, е планирано да се извојуваат додатни срества со кои општината активно ќе се вклучи кон овозможување на основни услови за одржување и помагање во реализацијата на проектите организирани од правни и физички лица, кои во изминатиот период во континуитет работат во областа на културата и спортот во општината.

Видео материјалот од 17-та Седница можете да го проследите во продолжение:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *