Општина Македонска Каменица подготвува Програма за поддршка и социјална заштита на самохрани родители и еднородителски семејства

 Општина Македонска Каменица подготвува Програма за поддршка и социјална заштита на самохрани роители и еднородителски семејства

 

 

Македонска Каменица, 06.02.2020 година – Согласно со заложбите за поддршка на самохрани родители и еднородителски семејства, градоначалничката Соња Стаменкова одржа работен состанок со дел од оваа група граѓани. Целта на одржување на состанокот е создавање на Програма за поддршка и социјална заштита со која ќе бидат опфатени самохраните родители и еднородителските семејства на територијата на општина Македонска Каменица. Присутните на состанокот, за потребите на Општината пополнија анонимен прашалник кој ќе биде од полза при изготвувањето на оваа Програма.

Со Програмата за поддршка и социјална заштита ја покажуваме отвореноста и подготвеноста како Општина за решавање на предизвиците и подобрување на статусот на самохраните родители и еднородителските семејства. На состанокот разговаравме за неопходностите и нивно имплементирање како приоритети предложени од самата целна група, – изјави Соња Стаменкова, градоначалничка на општина Македонска Каменица

Во рамки на состанокот позитивно беше прифатена иницијативата изнесена од градоначалничката Стаменкова, за реактивирање на постоечкото Здружение на граѓани „Афродита Кам“ кое според статут и програма за работа ја има токму заштитата, борбата за права и грижата за оваа група граѓани во заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *