Општина Македонска Каменица најголем инвеститор во државата според бројот на жители

Македонска Каменица, 04. октомври 2019 година – Македонска Каменица е најголемиот инвеститор во државата според бројот на жители, вели анализата на Инбокс 7. Општината со само 8.100 жители во изминатите 5 години инвестирала  2,7 милиони  евра што е по  330 евра по жител. Парите рударската општина ги инвестирала во реконструкција на улици, изградба на фекална и атмосферска канализација, изградба на капела  и други инвестиции.

Веднаш по неа е  Карбинци со 109 евра по лице и Пробиштип со инвестирани 1,65 милиони евра што  за  16.000 жители е  околу 100 евра по граѓанин.

Друга општина која отскокнува со поголем  инвестициски просек е  Зрновци со 130 евра по жител или 440.000 евра .

Од останатите,  Кочани  има  инвестирано 2,18 милиони евра или 77 евра по човек , Берово 830.000 евра или 60 евра по жител и Виница 1,1 милион евра  со само 57 евра инвестиција  по глава.

За општините да имаат повеќе  пари во буџетите клучни се  следните фактори. Приход од ДДВ, продажба на градежно земјиште, комуналии, улично осветлување, фирмарини, концесии, даноци и слично.

Но , освен што за повеќе пари треба  повеќе работа, многу важно е и како парите ќе се потрошат, прашање на кое се гради и паѓа  целата доверба кај градоначалниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *