Општина Македонска Каменица: Конкурсот за стипендии трае до 17-ти април

Општина Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани, ученици и студенти, дека Конкурсот за доделување стипендии завршува заклучно со 17-ти април. По овој рок, воопшто нема да се примаат документи кои се однесуваат на Конкурсот. Сите ученици и студенти треба да ги достават следниве документи: 

Потребни документи :

На конкурсот се поднесува пријава кон која се приложуваат следните документи:

За ученици;                                                                                                              

-Потврда за започната учебна година за ученици;

-Копија  од свидетелство за завршено седмо или осмо одделение  основно образование;

-Копија од свидетелство за завршена прва, втора или трета година средно образование;                                                                                                                          

За студенти;

-Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветна студиска година;

-Уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот ги има положено 100% испитите од претходните години;

 Учениците и студентите треба да достават ги достават и следните докумети: 

– Копија од лична карта;

– Копија од уверение за државјанство;

– Изјава за семејната положба заверена од месната самоуправа;

– Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на ученикот/студентот и на членовите на неговото семејство;

– Потврдa за висината на платите на членовите на  семејството на ученикот/студентот;

– За членовите на семејството на ученикот/студентот кои се пензионери

– Чек од пензија за последниот месец;

– За невработените членови од семејството на ученикот/студентот -потврда  од   Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.

Сите останати информации побарајте ги на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *