Општина Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани, ученици и студенти, дека Конкурсот за доделување стипендии завршува заклучно со 17-ти април. По овој рок, воопшто нема да се примаат документи кои се однесуваат на Конкурсот. Сите ученици и студенти треба да ги достават следниве документи:
Потребни документи :
На конкурсот се поднесува пријава кон која се приложуваат следните документи:
За ученици;
-Потврда за започната учебна година за ученици;
-Копија од свидетелство за завршено седмо или осмо одделение основно образование;
-Копија од свидетелство за завршена прва, втора или трета година средно образование;
За студенти;
-Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветна студиска година;
-Уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот ги има положено 100% испитите од претходните години;
Учениците и студентите треба да достават ги достават и следните докумети:
– Копија од лична карта;
– Копија од уверение за државјанство;
– Изјава за семејната положба заверена од месната самоуправа;
– Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на ученикот/студентот и на членовите на неговото семејство;
– Потврдa за висината на платите на членовите на семејството на ученикот/студентот;
– За членовите на семејството на ученикот/студентот кои се пензионери
– Чек од пензија за последниот месец;
– За невработените членови од семејството на ученикот/студентот -потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.
Сите останати информации побарајте ги на следниов ЛИНК.