Општина Македонска Каменица започна со градежни активности на повеќе локации во градот

Македонска Каменица 19.09.2018 година – Во рамки на своите овластувања и предвидената програма општина Македонска Каменица започна со неколку градежни активности за просторно уредување на повеќе локации во градот.
„Регулација на дел од речно корито на Каменичка Река и изградба на каскаден праг“ и поставувањето на украсна заштитна ограда околу училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ се дел од повеќето истовремени градежни активности на кои моментално работат фирмите изведувачи.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица со стручен тим составен од градежници и соработници од Одделението за урбанизам извршија увид на терен за текот и интензитетот на извршување на градежните активности. „Започнавме со градежни активности поврзани со урбаното доуредување на просторот од овој дел од централното градско подрачје, со што обезбедуваме и дополнителна заштита на учениците при нивното движење во училишниот двор од училиштето“ – истакна Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица. Стаменкова во проолжението на изјавата додаде дека „покарај уредувањето на речното корито на Каменичка Река, проектот опфаќа и други градежни активности, како што се: уредување на просторот околу Каменичка Река со урбана опрема, изградба на каскаден праг и доизградба на одводните канали од фекалната канализација. Со ова на граѓаните ќе им овозможиме уште едно уредено катче за нивно шетање, одмор и релаксација.

Изведувач на активностите, кои опфаќаат изграба на регулационен дел во должина од 125 метри и каскаден праг на Каменичка Река е „Стоименов“ ДООЕЛ од Кочани.  Вредноста на проектот изнесува 5 632 124 денари. Градежните активности започнати во централното градско подрачје ги изведува „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ – Охрид. Предвидено е поставување на украсна заштитна ограда во должина од 90 метри околу средното училиште како дел од Договорот склучен за изведување на „Бетонски работи и партерно уредување на површини во Македонска Каменица“.

 

п

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *