Општина Македонска Каменица го заокружува системот за одводнување на атмосферските води

Македонска Каменица, 21.04.2021 година – Со реализацијата на Договорот за изградба на атмосферска канализација спроведен преку системот за јавни набавки, општина Македонска Каменица целосно го заокружува системот за одводнување на атмосферските води.
„Со доизградбата на системот на атмосферска канализација целосно и трајно го решаваме проблемот со атмосферските води во нашиот град. Новите линии на атмосферска канализација околу Градскиот плоштад и улиците Руенска, Рударска, Самоилова и дел од улица Александар Македонски ги поврзуваме со постоечката мрежа, со што целосно го затвараме системот за одводнување“, – стои во соопштението на градоначалничката Соња Стаменкова
Стаменкова, по реализацијата на овој проект ги најави и планираните активности на општина Македонска Каменица во овој дел од градот „Реципиент на атмосферските води ќе биде Каменичка река, каде со завршувањето на овој проект создаваме услови за комплетна реализација на проектот кој предвидува доизградба и уредување на Градскиот кеј на реката“.
За реализација на овој проект од Буџетот на општина Македонска Каменица се издвоени 5.309.629,00 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *