Општина Македонска Каменица ги потпиша Договорите за стипендирање со ученици и студенти од државните училишта и универзитети

Македонска Каменица, 18.03.2021 година – Комисијата за стипеднирање на ученици и студенти на државните средни училишта и универзитети, во присуство на градоначалничката Соња Стаменкова и директорките на двете училишта во Македонска Каменица, Марина Василевска Стојановска и Елизабета Ангелова Георгиевска ги потпиша Договорите за стипендирање на ученици и студенти.

Како што стои во објавата на градоначалничката Соња Стаменкова, „Врз основа на резултатите од спроведениот Јавен конкурс за ученици и студенти на општина Македонска Каменица за учебната 2020/21 година, општина Македонска Каменица ќе додели вкупно 16 стипендии“.

6 стипендии ќе добијат ученици од основното училиште, 8 стипендии се за ученици во средните училишта и 2 стипендии за студенти на државните универзитети. Месечниот износ на стипендиите е со висина од 3.000,00 денари.
Градоначалничката Стаменкова пред присутните ученици, родители и професори во рамки на денешниот настан истакна дека „Покрај зголемените вложувања во инфраструктурата и подобрувањето на условите за работа и престој во образовните центри во нашата Општина, како локална самоуправа продолжуваме посветено да работиме за изнаоѓање на нови мачини и методи, со кои на нашите ученици и студенти ќе им бидеме постојана и силна поддршка при совладувањето на образовниот процес“.
„Стипендирањето на талентирани и успешни ученици е една од мерките кои општина Македонска Каменица успешно ги спроведува, а наскоро преку воведувањето на Дуалното средно образование во Македонска Каменица, ќе понудиме и нови можности за нашите ученици и идни студенти“, – истакна градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова
Општина Македонска Каменица секоја година спроведува Јавен конкурс за успешни ученици и студенти. Трета година по ред како износите за стипендираните ученици и студенти е зголемен на 3000 денари месечен износ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *