“Окупирана естрада” – Facebook статус на Горан Стоименовски

27.XII.2017 kamenica.mk

ОКУПИРАНА ЕСТРАДА

Даниел Кајмакоски…ново лице на ТВ екраните со стари музички квалитети. Привремено ја крена македонската музичка јавност на две нивоа повисоко. Велам привремено. Даде надеж за верба во нашите квалитети, даде верба дека сепак квалитетот лесно се детектира и од обичните луѓе како и од врвните балкански музичари кои ги викаат судии во шоуто каде Кајмакоски се натпреварува. Дали ќе победи???…мислам не (од се срце посакувам), а дали ќе стане нова македонска музичка звезда не сум сигурен.
Основното прашање е зошто тој талентиран момак досега нема десетгодишна успешна кариера???Зарем навистина македонската музичка сцена е навистина толку сурова и пробирлива за да мора човекот да меша малтер во Виена?Каде се музичките критичари и најодговорните да кажат што се случува со естрадата и зошто перманентно паѓа квалитетот и популарноста на македонската поп музика? Дали естрадата е привремено ОКУПИРАНА? Мислам да. А Вие???
Музичката естрада е окупирана од пет-шест т.н музичари, неколку новинари, мал број композитори и два-тројца менаџери. Тие се шарлантаните кои десет години ги прават списоците со песни за фестивали, тие истите ги одбираат изведувачите а во исто време и одлучуваат кој ќе победи. Благодарение на нив годината ја завршивме без ниту еден познат хит а и тие кои ги предлагаа за некој си избор за хит на годината се потполно непознати и со потпросечен квалитет.
Замислете успеаа да го уништат Макфест кој беше регионален бренд и на кој настапуваат познати имиња од целиот регион (се сеќава ли некој кој победи оваа или минатата година на Макфест???). Врвни квалитетни наши пејачи со години немаа добра песна, вистински хит, добар спот…Замислете една Каролина дојде време да снима само чалгиски песни и да преработува стари македонски песни.Продукција НУЛА. Глава неможеш да дигнеш од Тамара, Јован Јованов, Билбилов, Габровски, Копров,разни Елени, Самарџиев како заштитно лице…Неколкуте квалитетни имиња се угушија и ги победи несигурноста и ЦЕНОВНИКОТ на окупаторите. Сепак истите треба сами да се изборат и да се докажат со квалитет.
Сега читам реакции на партиите зошто Казалиште за Нова година ќе пееле во Скопје а не наши пејачи. Кој не го знае одговорот нека отиде и да го дознае одговорот (а Пиво фест,а Охрид,а Скопје пиво фест).
Од Забранјено пушење има една песна каде Неле пее вака: НА ЕСТРАДА СЕ Е ЛАЖНО НА ЕСТРАДА СЕ Е ФОЛ…песната се вика Ибро дирка (слушнете ја).
ПС На Даниел Кајмакоски му поскаувам многу успех со желба за успешна кариера, во исто време му укажувам дека неговата појава во шоуто е срам за Македонија и т.н македонска естрада а истотака му се извинувам. Му предлагам да не се враќа во Македонија во обид да направи музичка кариера па макар тоа да биде и обид за замена со градежните ракавици. Не му се потребни горе спомнатите полуаматери кои ќе направат се за да го уништат и ќе потрошат дупло повеќе пари само тие и понатаму да останат ЕСТРАДА. Нека се обиде со помош на странски менаџери и продуценти да направи интернационална кариера, а овде да доаѓа и да настапува само за Нова година.

(текстот, во целост е преземен и нецензурирано публикуван од фејсбук профилот на Горан Стоименовски)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *