Од 13.000 дивоградби во Штип ќе се рушат 5.000

Од 13.000 дивоградби за кои сопствениците поднеле барање за легализација, речиси половината не ги исполнуваат ни минималните услови да бидат легализирани:

„Негативно е одговорено на вкупно 4.072 предмети од кои 2.829 заради недостаток на геодетски елаборат, а останатите  1.243 предмети се одбиени по друг основ“, изјави Драган Ристов, Центар за односи и јавност при о. Штип Не

Слична судбина ги очекува најмалку уште 50 за кои контролата е во тек:

„При што е утврдено дека исто така им недостасува геодетски елаборат и тие исто така ќе бидат одбиени“, истакна Ристов.

Дали ова значи дека на околу 5.000 диво изградени објекти во Штип им претстои рушење:

„Општина Штип ќе постапува согласно позитивните законски одредби кои ќе бидат на сила во моментот кога ќе треба да се интервенира. Морам да потенцирам дека ако на одредени локации треба да минува пат или водовона линија, на пример, тие објекти ќе мора да бидат отстранети“, кажа  Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип.

Инаку, во трите рока за легализација на бесправно изградени објекети, Општина Штип примила вкупно 13.106 барања за легализација.

Од нив, решени се 8.362  додека во тек е постапка за 4.744 предмети. Само во 2018 година, биле поднесени вкупно 1.105 барања за легализација на дивоградби.

На 31 декември 2018 година, заврши рокот за доставување на нови барања за легализација, но на истиот датум, заврши и рокот за доставување на документите кои недостигаат од кои најголем дел се однесуваат на геодетски елаборат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *