Од Штип до Скопје и назад ќе плаќаме патарина во висина од 320 денари

На автопатот Миладиновци – Штип, цената на патарината во Преод ќе чини 50 денари, додека кај Кадрифаково ќе чини 70 денари, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Изградбата на патарините треба да заврши до крајот на мај.

Па така, доколку се патува со автомобил преку Миладиновци, каде треба да се платат 40 денари за патарината, вкупниот трошок за патарини од Скопје до Штип изнесува 160 денари во еден правец.

„Цената на патарините се утврдува според законот, по километар – 2.57 денари“, изјави Рустеми.

Тој посочи дека патарините на оваа релација ќе бидат со електронско плаќање.

Дополнително, тој додаде дека јавното претпријатие има модул за модернизација на коридорот 10 каде веќе постои опција за електронско плаќање, додека на коридорот 8 интензивно се работи за до крајот на годината да биде воведено електронско плаќање.

„Тоа е подобра метода, се поддржува и од Европска Унија, веќе и во ЕУ доста држави имаат иницијатива да ги тргнат вињетите и да преминуваат на електронско плаќање“, рече Рустеми.

Автопатот Миладиновци – Штип официјално беше пуштен во употреба на 6 јули 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *