ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23.00, УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 22.30

Олабавување на рестриктивните мерки во земјава – кризниот штаб со нов предлог до Влада. Наместо од 21 полицискиот час да биде од 23 часот до 5 часот наутро. Летни тераси и градини на угостителските објекти да работат до 22 часот и 30 минути.

„Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот. Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство, доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година.“ – велат од Влада на РСМ.

Ваквиот предлог за кој Владата ќе одлучува на утрешната седница, доаѓа по најновите анализи  на Министерството за здраство. Во земјата почнува да се намалува притисокот врз болниците, бројот на новозаразени се намалува.  Од утре треба да започне масовната имунизација. А целосно менување на епидемиолошката состојба се очекува до почетокот на летото, кога би требало да има висок процент на имунизирано население.

Граѓаните со поделени мислења околу новиот предлог за рестриктивните мерки. На сила и натаму се мерките за задолжително носење на заштитни маски и на отворено, како и забраната за групирање на повеќе од четири лица.

Иако денеска во центарот на градот не забележавме голема гужва,  наидовме на  граѓани кои не ги почитуваат рестриктивни мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *